SpaceX го прекина тест-лансирањето на прототип на „Старшип“ вселенски брод, само една секунда пред полетувањето.
Американската компанија имаше планирано пробен лет на нивно летало од „следната генерација“ на „Старшип“. Целта беше да се достигне 12,5 километри височина над погонот во Бока Чика, Тексас, САД, а потоа тоа да се врати на земјата.
Исто така, намерата беше да се провери и докаже способноста на Старшип да се лансира и спушти во исправена положба, што се очекува од него во иднина на Земјата, но и на другите планети и тела. Целта е овие летала да се користат за испраќање товар и луѓе на Месечината, Марс… Тестот е важен и поради функциите на трите главни „Раптор“ мотори.
Сè беше подготвено за лансирање, одбројувањето речиси заврши, но тестот беше прекинат 1,3 секунди пред полетувањето.
Повеќе подробности не се соопштуваат. Причината ќе се дознае наредниов период.