Како дел од своето ново соопштение, MSI објави PCIe Resizable Bar поддршка за својата 400-series Intel LGA 1200 матична плоча, но истовремено ја објави и Rocket Lake-S серијата процесори за која знаевме од претходно.
Rocket Lake е следната генерација процесори на Intel, наследник на актуелната LGA 1200 Comet Lake линија, а на корисниците ќе им понуди подобрени single-threaded перформанси, нови подобрувања на полето на архитектурата и поддршка за PCIe 4.0.
Објавата на компанијата MSI користела пратечки скриншот, кој укажува на користење на осмојадрен Rocket Lake процесор на Z490 матична плоча. Процесорот има 4.3GHz работен такт и boost такт од 5GHz. Прикажан е и TDP од 125W.
Откако беше забележано дека MSI по грешка го објавил Rocket Lake, компанијата го повлече соопштението од својот сајт.
Поврзани артикли