Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла очекува дека нивната вакцина против Ковид-19 брзо ќе излезе на пазарот, откако ќе биде добиено одобрение од американското биро за храна и лекови (FDA), но дали оние кои ќе ја примат и натаму ќе го пренесуваат вирусот или не, е прашање на кое тој всушност нема јасен одговор.
„Мислам дека тоа е нешто што треба да се проучи. Не сме сигурно во тоа сега“, истакна Бурла, одговарајќи на прашање во интервју за NBC.
Минатиот месец, Pfizer објави дека нивната вакцина, развиена во соработка со германската компанија BioNTech, покажала повеќе од 90 проценти ефикасност во давањето имунитет на учесниците во клиничките тестирања.
Иако Британија стана првата западна земја која ја одобри оваа вакцина, американскиот FDA не брза со давањето одобрение, а Велика Британија доби критики и од најголемиот американски експерт за пандемијата, Ентони Фаучи, кој изјави дека Британците, помалку или повеќе, се истрчале со одобрувањето на вакцината. Фаучи, од друга страна, го пофали „многу внимателниот“ пристап на FDA во одобрувањето на вакцината.