Во Порторико се урна огромен радио телескоп, кој со децении имаше клучна улога во астрономските откритија, соопштија порториканските власти.
Опсерваторијата „Аресибо“ е затворена уште од август, откако пукна помошен кабел и ја оштети параболичната антена. Додека на почетокот од ноември пукна и главниот кабел, поради што порториканската Национална фондација за наука неколку недели подоцна соопшти дека ќе ја прекина работата на радио телескопот поради преголемото оштетување.
Опсерваторијата „Аресибо“, претставена во филмот „Златното око“ на Џејмс Бонд, е изградена во 1963 година и ја водеше НСФ од 1970 година. Радио телескопот лоциран во опсерваторијата беше уникатно дизајниран да бара сигнали за вонземски живот, но исто така беше користен и за целите на воената шпионажа за време на Студената војна.
Тоа беше втор по големина телескоп во светот и функционираше повеќе од половина век.
Поврзани артикли