Со појавата на табови, стана можно повеќе веб-страници да бидат отворени истовремено, но со ова решение се појави проблем, бидејќи не е секогаш лесно да се управува со голем број активни интернет-локации.
Chrome, на пример, користи групирање на табовите како начин за полесно контролирање, а Microsoft сега понуди и нова идеја за Edge. Неколку отворени прозорци досега го решаваа овој проблем, но тоа беше далеку од совршено, бидејќи навигацијата на сите отворени локации не беше едноставна. Новото решение на Microsoft веќе може да се најде во последниот Canary build за Edge, а во прашање е опција за преименување на отворените прозорци за полесно да се идентификуваат.
За да се промени името на прозорецот, потребно е да кликнете со десното копче на глувчето на title bar (не на табот) и да ја изберете Name window опцијата, потоа да го внесете саканото име и да кликнете ОК, а тоа е можно само ако го имате најновиот Canary build за Edge.
Поврзани артикли