Судејќи според се, најголем дел од производителите планираат рана објава на своите премиум телефони во текот на следната година. Се очекува дека Samsung својата Galaxy S21 линија ќе ја објави во јануари, OnePlus 9 серијата пристигнува во април, а сега имаме и информации што се однесуваат на Xiaomi.
Дојавувачот DigitalChatStation сугерира дека кинеската компанија својата M11 линија ќе ја претстави уште во текот на „следниот месец“. Со оглед на тоа дека сме во последниот ден на ноември, дојавувачот веројатно мислеше на јануари, наместо на декември. Покрај тоа, Qualcomm Snapdragon 875 чипсет се очекува во текот на декември и сигурно ќе го покренува Xiaomi Mi 11.
Засега, се појавија само нецелосни информации за Mi 11 Pro моделот, кој би требало да има 120Hz QHD+ дисплеј. Се очекуваат и 50MP главна камера и 12MP телефото сензор.