Тематскиот забавен парк „Светот на Супер-Нинтендо“ требаше да биде отворен оваа година во Осака, Јапонија, поради Олимписките игри во Токио. Но, тоа не се случи поради пандемијата на коронавирусот, па сега е одреден нов датум.

Иако минатиот месец бројот на новозаразени со коронавирус го урна рекордот во САД, Франција и Италија, паркот „Светот на Супер-Нинтендо“ во Осака ќе биде отворен на 4 февруари.

И Јапонија бележи поголем број заразени од порано, со потврдени 2.585 нови случаи изминатава седмица. Од почетокот на пандемијата, вкупно над 148.000 луѓе се заразени, а 2.057 лица починаа.

Тематскиот парк ќе има голем број атракции, меѓу кои и фантастичниот ролеркостер „Марио Карт“. Тука е и Замокот Баусер, а посетителите ќе може да користат и т.н. очила за алтернативна реалност, за да ја искусат играта „Марио карт“. Целиот тематски парк е, всушност, една огромна игра, и секоја атракција се заснова на некој карактер. И кафулето „Кафѐ Марио и Луиџи“ е веќе отворено.

Сличен тематски парк ќе се отвори и во Орландо, Флорида, САД, во 2023 година.