На пазарот се појавија слушалките кои се производ на соработката помеѓу Lamborghini и Master & Dynamic.
Слушалките се инспирирани од автомобилите на Lamborghini, а се нудат два вида: MW65 Active Noise-Cancelling Wireless Headphones и MW07 Plus True Wireless.
Првите имаат можност да ја „елиминираат“ бучавата што доаѓа однадвор. Слушалките се изработени од комбинација на метал и пластика, додека јастучињата за ушините школки се покриени со Алкантара. Од Lamborghini наведуваат дека едно полнење на батеријата е доволно за 24-часовна употреба, како и дека е можно да имате Bluetooth врска со уред од кој „пристигнува“ музика на растојание до 30 метри.
Шефот на италијанската марка за маркетинг и комуникација, Катја Бјази, вели дека слушалките се во согласност со духот на брендот.
Слушалките официјално беа пуштени во продажба минатиот петок, 20 ноември, од кога е можно да ги нарачате на веб-страницата на Master & Dynamic. MW65 Active чинат 549 евра, додека цената на MW07 Plus е 349 евра.