Петровит е називот што научниците од Државниот универзитет во Санкт Петербург му го дадоа на новооткриениот минерал на полуостровот Камчатка, на Далечниот Исток на Русија.

До откритието дојде по деценија проучување на тековите на лавата во овој регион, познат по стотиците вулкани. Се работи за минерал чија главна карактеристика се сини кристални грутки, од кои многу содржат елементи на гас.

Ова откритие се случи во близина на вулканот Толбачик, зад кој има две големи ерупции во 1975-1976 i 2012-2013 година, кои овозможија создавање широк спектар минералошки видови. Петровитот (Na10CaCu2(SO4)8) не е единствениот минерал откриен последниве години. Истражувачите идентификуваа неколку десетици минерали. Но, овој има особено интересна структура.

„Атомот на бакарот во кристалната структура на петровитот има необичен и многу редок распоред од седум атоми на кислород“, изјави Станислав Филатов од Државниот универзитет во Санкт Петербург, додавајќи дека соединенијата со такви карактеристики можат да се набројат на прстите на едната рака.

Новиот минерал всушност се состои од атоми на кислород, натриум сулфид и бакар кои формираат порозна структура. Тие пори се меѓусебно поврзани со канали кои овозможуваат движење на ситните атоми на натриум. Според стручњаците, петровитот би можел да има индустриска употреба како катоден материјал за батерии.

Извор: Russia Beyond