Кога вирусите се менуваат во овој правец, вакцините мораат редовно да се прилагодуваат за да се гарантира дека ќе успеат ефикасно да го уништат. Засега тоа не е случај со SARS-CoV-2.

Коронавирусот што резултира со развој на болеста Ковид-19 постојано мутира, ширејќи се светот, но се чини дека ниту една од моментално забележаните мутации не дозволува нејзино уште побрзо ширење, соопштија научниците од Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон (UCL).

Во студија која користела глобални податоци за геномите на вирусот кај 46.723 лица заболени со Ковид-19 од 99 земји, истражувачите откриле повеќе од 12.700 мутации на вирусот SARS-CoV-2.

„На почетокот на пандемијата, сфативме дека ни требаат целосно нови пристапи за анализа на огромната количина податоци во речиси реално време за да идентификуваме мутации на вирусот, што може да влијае на неговата преносливост или сериозноста на симптомите. За среќа, откривме дека ниту една од овие мутации не влијае на уште побрзо ширењето на болеста Ковид-19“, истакна Луси ван Дорп, професор на Лондонскиот институт и една од водечките истражувачи во студијата.

Додаде дека сепак мораме да бидеме многу внимателни и да продолжиме да ги следиме овие нови мутации, посебно во време кога постепено се воведуваат вакцините.

Од претходно е познато дека вирусите постојано мутираат, а некои, како вирусот на грип, се менуваат почесто од другите.

Тимот научници од UCL собираше примероци се до крајот на јули, од вкупно 46.723 лица кои имале беа заболени од Ковид-19. Досега се идентификувани 12.706 мутации на SARS-CoV-2 вирусот. За 398 мутации постојат силни докази дека се случиле постојано и независно. Од таа бројка, научниците издвоиле 185 мутации што се случиле барем три пати сами од себе за време на пандемијата.

За да тестираат дали овие мутации го зголемуваат преносот на вирусот, научниците направиле еволутивно дрво на новиот коронавирус и анализирале дали одредена мутација се покажала дека е почеста во рамките на неговите гранки. Со други зборови, научниците тестирале дали, по првото појавување на мутацијата, неговите потомци биле посилни од оригиналната верзија на немутираниот SARS-CoV-2 вирус.

Не пронашле докази дека новите мутации влијаеле на поголемиот пренос на Ковид-19, но откриле дека биле неутрални во однос на оригиналниот вирус. Ова исто така важи и за мутацијата на вирусот D614G, во која е забележана мутација на шилестиот протеин и за која веќе се пишуваше дека ја прави оваа мутирана верзија на вирусот уште попренослива.