Оваа година, Motorola го објави својот прв водечки смартфон по долго време, Motorola Edge +. Сега, благодарение на информациите од TechnikNews, дознаваме дека компанијата подготвува нов премиум модел во 2021-ва година.
Неговото кодно име е Nio (XT2125) и се очекува да го користи годинашниот чипсет Snapdragon 865. Покрај тоа, ќе бидат достапни верзии со 8/12 GB RAM и 128/256 GB меморија.
Моделот ќе има дисплеј со Full HD+ резолуција и брзина на освежување од најмалку 90 Hz. Исто така, ќе има отвор за двојна селфи камера, која ќе вклучува сензори од 16MP и 8MP. Главната камера ќе има сензор од 64 мегапиксели, втората со 16MP со ултра-широка аголна леќа и 2MP за бока ефекти.
Премиерата на новиот модел најверојатно ќе биде во првиот квартал од 2021. година и Android 11 ќе се користи како софтвер.