Американскиот софтверски гигант Microsoft објави дека планира да ангажира дополнителни 200 инженери во Ирска и да формира нов глобален инженерски центар во таа земја. Во овој миг, Microsoft има околу 2.500 вработени во Ирска.
„Новите вработени ќе бидат вклучени во развој на нови „клауд“ (облак) слуги и технолошки решенија за клиенти низ целиот свет“, соопштија вчера од ирскиот огранок на Microsoft.
Катрина Халахан, извршна директорка на огранокот, рече дека станува збор за аспирациите Ирска да стане „центар за иновации“ на американскиот гигант.
Ирските даноци за компаниите се меѓу најниските во Европската Унија и земјата одамна е омилена дестинација, особено за американските компании кои го прошируваат својот бизнис во странство. Facebook и Google веќе одамна се „одомаќинија“ во Ирска, каде што го имаат своето седиште во европскиот пазар.
Apple минатата недела ја одбележа 40-годишнината од работењето во вториот по големина ирски град Корк, денес со повеќе од 6.000 вработени.