Компанијата Samsung ќе ја лансира Galaxy S21 серијата телефони во првиот квартал на следната година. Бидејќи се очекува дека ќе се откаже од Galaxy Note линијата, се очекува дека S21 Ultra моделот ќе има поддршка за S Pen. Исто така, најавено е и дека Galaxy Z Fold 3, преклопниот уред со флексибилен екран ќе биде претставен во јуни, 2021. година.
Според извештаите, Samsung почна со развој на финалните семплови на Galaxy Z Fold 3, што е практично увод во масовното производство. Се верува дека овој модел ќе има S Pen, како и камера скриена под екранот.
Иако компанијата успеа да направи in-screen digitizer кој ќе го препознае S Pen, имаше потешкотии да развијат преклопен дисплеј што ќе биде доволно цврст да се оштети при употреба на пенкалце на него. Тоа е и главната причина зошто Galaxy Fold и Galaxy Z Fold 2 не поддржуваат S Pen. За да се промени тоа на Z Fold 2 моделот, Samsung го замени CPI филмот со Ultra-Thin Glass (UTC) стакло. Првата генерација на оваа заштита не донесува поддршка за S Pen, но се очекува дека ќе биде имплементирана во Z Fold 3.