Еден YouTube корисник смета дека нешто чудно се случува на Антарктикот, а наводно има и докази за тоа.
Самопрогласениот „Чувар на Земјата“ тврди дека, додека ја набљудувал Google Earth, забележал чуден отвор над една пештера и ‘метален штит’ преку неа, сето тоа во зоната на забранети летови на ледениот континент.
Како што вели, областа е широка околу 45 метри, а наводно тоа го пресметал користејќи ја алатката Google Earth. Темниот отвор личи на метален штит кој изгледа како некоја вентилација која оди под земјата, наведува Јутјуберот, додавајќи дека снегот околу ‘отворот’ е потемен од снегот во околината.
„Тоа би значело дека има пренос на топлина“, вели тој и истакнува дека во близина нема никаква вулканска активност.
Се разбира, набрзо имало голем број коментари во кои се наведува дека постојат тајни бази за вонземјани, додека други потенцираат дека нема тајна пештера или метален штит, туку дека всушност само станува збор за игра на светлината и сенка.
Извор: Mondo.rs
Поврзани артикли