Пред неколку дена беше објавено ново истражување за тоа кои се факторите кои што влијаат на смртноста од коронавирусот ширум светот.
Пет француски научници од Универзитетот во Париз и Тулуз ги анализирале сите земји кои што пријавиле намалку по 10 смртни случаи во првите осум месеци од пандемијата и ги споредиле со нивните смртни случаи на милион жители со останатите показатели во тие земји – од економски, социјални и здравствени услови на нациите и на мерките воведени против Ковид-19.
Заклучиле дека морталитетот од коронавирусот најмногу зависи од географската положба на земјата, животот, јавното здравје, економскиот статус и животната температура (средина).
„Сериозноста за мерките во борбата против пандемијата, вклучувајќи го и „заклучувањето“, не е поврзано со стапката на смртност“, се наведува во истражувањето.
„Земјите кои што веќе искусиле стагнација или пак намалување на животниот век, со високи приходи и стапка на незаразни болести, ја плаќаат највисоката цена на короната. Овој товар не е ублажен со строгите мерки кои што се воведуваат. Инхерентните фактори се однапред одредени кога станува збор за смртноста од Ковид-19, вклучувајќи ја и отпорноста на населението за подобра физичка подготвеност и имунитет“, заклучиле тие.
Поврзани артикли