Непрофитната дигитална библиотека Internet Archive најави дека ќе ги собере и сочува Flash анимациите и игри, со оглед на тоа дека Adobe планира до крајот на оваа година да престане да ја поддржува оваа технологија. Archive ќе ги емулира содржините, па корисниците на сајтот ќе можат да го користат Flash на вообичаениот начин, чувајќи ги содржините кои повеќе нема да бидат достапни на сајтовите.
Досега веќе се сочувани повеќе од 1000 анимации и игри. Организацијата наведува дека пристапот до овие содржини е овозможен преку нивниот Flash емулатор, наречен Ruffle, кој го имплементираа во својот систем. Програмерскиот тим што стои зад Ruffle, вели дека не е во целост компатибилен со сите Flash проекти, но дека претставува значаен напор да се сочива дел од онлајн историјата.
Значењето во Flash е во тоа што беше еден од најбитните елементи на креативноста во раните фази на развојот на веб, бидејќи овозможи текстот и сликите да се претворат во анимирани интерактивни објекти. Популарноста ја стекна бидејќи беше релативно едноставен за употреба и овозможуваше брзо да се креираат комплицирани и флексибилни графики и звучни ефекти, без знаење на оперативниот систем или програмирање.