Оваа година во значително изменето издание, почитувајќи ги мерките зазаштита од ковид-19 внесуваме енергија во сивото секојдневие и монолитноста која ја предизвика планетарната криза. Овој есенски самит ќе го реализираме благодарение на современата технологија (Online), а алатките ќе бидат инспирација за создавање на органско искуство на сите учесници.

Затоа ја повикуваме јавноста да ни се приклучи на овој меѓународен настан преку следење во живо на светски и домашни експерти, а учесниците бесплатно може да се регистрираат на овој линк:

https://www.facebook.com/events/407702710250436/

Истовремено би сакале да информираме дека Skopje Photo Week објавува Конкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Скопје од мој алтернативен агол“.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 25.000 денари и трета награда 15.000 денари.

Предвидена е и специјална награда за најдобра Инста фотка од 10.000 денари објавена на хаштагот #SPW2020 (Напомена: фотографиите мора да се направени во 2020 година, користејќи ја камерата на вашиот мобилен телефон, фотки без мета дата нема да влезат во изборот)

Повеќе информации може да се најдат на: http://skopjephotoweek.com/foto-konkurs/