Социјалната мрежа Twitter, која повеќе пати беше мета на сајбер напади, за свој шеф на безбедност го назначи еден од најдобрите хакери во светот.
Пеитер Затко, попознат по неговиот хакерски прекар Меџ, е новиот шеф за сајбер безбедност на Twitter, кој ќе се занимава со безбедноста на информациите и интегритетот на платформата.
Затко ќе го има само извршниот директор Џек Дорси над него, а се очекува тој да ја преземе функцијата за околу два месеци. Пред да пристигне на Twitter, Затко ја надгледуваше безбедноста на компанијата за електронско плаќање Страјп.
Претходно работеше и во Google, каде управуваше со грантови за проекти за сајбер безбедност на Агенцијата за напредни истражувања и проектите на DARPA .
Тој ја започна својата кариера во 90-тите години кога работеше тајно за владата и беше еден од лидерите на Култот на мртвата крава – хакерска група што исфрли хакерски алатки за Windows со цел да го принуди Microsoft да ја подобри безбедноста.
Извор: B92.net
Поврзани артикли