Компанијата Virgin Galactic го одложи летот во вселената поради мерките воведени со пандемијата на COVID-19.
Virgin нема да го тестира SpaceShipTwo откако властите во Ново Мексико воведоа нови мерки поради ширењето на коронавирусот. Шефот на компанијата, Мајк Колглејзер, изјави дека операциите ќе бидат минимизирани до максимум бидејќи здравјето и безбедноста на вработените се приоритет.
Новиот датум на лет ќе биде одреден во наредниот период. Иако на сила се безбедносните протоколи во САД, коронавирусот и понатаму се шири така што нема гаранции ниту кога станува збор за летот на Virgin.
Оваа недела требаше да биде извршен вториот од двата тест летови, а во 2021 година беше планирано Ричард Бренсон да патува во вселената, а потоа и патниците кои купија билети. Одложувањето може да биде штетно за компанијата која смета на приходите од комерцијални летови за да ги надомести минусите од претходните години.
Извор: Benchmark.rs