GITR е старт-ап настан преку кој се доближуваат новитетите на пазарот и потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании. Целта на овој настан е преку помош од луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да се поттикне иницијатива за креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им се помогне во понатамошниот раст и развој.
Оваа година, GITR ќе биде online тридневен хакатон од 1-ви до 3-ти декември, а темите за развивање идеи ќе бидат од отворен карактер. На хакатонот пријавите можат да бидат и индивидуални и во тим, а е отворено за секој без разлика на годините и без разлика дали се студенти или вработени.
Изборот на учесниците се извршува на следниов начин:
- По завршување на пријавниот рок (19.11) ќе се изврши селекција на најмногу 20 тимови кои ќе бидат дел од Хакатонот.
- Во втората фаза од селекциите, односно во полуфиналниот дел обезбедуваат место 6 тима, кои ќе се натпреваруваат за во финале.
- Во финалето ќе влезат најдобрите 3 идеи.
Апликација за пријавување: https://forms.gle/JH74axFRucoh4nGw6
Поврзани артикли