Се очекува дека Xiaomi ќе биде меѓу првите компании кои ќе лансираат телефон со Snapdragon 875 чипсет, а тоа ќе бидат Xiaomi Mi 11 и Xiaomi Mi 11 Pro. Според новите протечени информации, Pro верзијата ќе има многу интригантен екран со QHD+ резолуција и брзина на освежување од 120 Hz.
Новиот екран на Xiaomi Mi 11 Pro ќе добие голема надградба во однос на Mi 10 Pro која донесува 1080p резолуција и освежување од „само“ 90 Hz. Изворот откри дека селфи камерата ќе се задржи во горниот лев агол и целата предна камера ќе има закривени страници, но тоа беше и очекувано. Слична е ситуацијата со камерите – само мало ажурирањем, а не голема замена.
Иако е прерано за откривање на останатите спецификации со оглед на фактот дека има нешто помалку до претставувањето на новиот Qualcomm збир на чипови, не би требало да се изненадиме ако 120W брзо полнење се појави на Mi 11 Pro.
Овој производител на паметни телефони, исто така, претстави безжичен полнач од 80W, кој батеријата од 4.000 mAh ја полни од 0 до 100% за 19 минути, додека лансирањето се очекува во февруари или март, кога веројатно ќе бидат претставени следните топ модели на компанијата Xiaomi.
Поврзани артикли