Доколку сте биле во контакт со заразен од Ковид-19, еве како треба да постапите и кога е вистинскиот момент да се тестирате.
Експертите велат дека тоа не треба да се направи веднаш. Дколку сте биле во контакт со заразен од Ковид-19, сигурно размислувате за тоа како треба да постапите.Универзалниот совет е дека треба да се изолирате, без оглед на тоа дали се чувствувате болно или пак не, со оглед на инкубацијата може изолацијата да трае до 14 дена.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести дал препорака дека треба да се тестирате во следните случаи:
– доколку имате симптоми на Ковид-19;
– сте биле во близок контакт со заразен;
– здравствен работник ве упатил на тестирање.
Доколку сте биле изложени на вирусот, веројатно нема веднаш да развиете симптоми – можно е да поминат и две седмици пред да се појави првиот показател дека сте се разболиле.
Да ве потсетиме, најчестите симптоми се: висока телесна температура, кашлица, губење на сетилото за мирис/вкус, отежнато дишење, болки во мускулите и телото, главоболка…
Сепак, треба да почекате со тестирањето, затоа што доколку се тестирате веднаш откако сте биле изложени на вирусот, можно е тестот да биде негативен, без оглед на тоа дали сте или пак не сте заразени, предупредуваат експертите.
Лажно негативниот тест може да биде опасен затоа што вие ќе го ширите вирусот околу себе, не знаејќи дека сте заразени. Експертите советуваат да почекате четири дена пред да се тестирате, по контакт со заразен, за вирусот да има доволно време да се собере во вашето тело доколку сте заразени.
Доколку тестот е позитивен, а се чувствувате добро, тогаш секако дека треба да се изолирате, а доколку тестот е негативен, тогаш повторно имајте ги предвид 14-те дена за периодот на инкубација, советува Ромас Рус, шеф на одделението за заразни болести при Универзитето Бафало во Њујорк.
„Иако во некои случаи не е оптимално да се чекаат симптомите за да се направи Ковид тест, сепак тоа можеби е најпрактичниот одговор“, изјавиле експертите.