Виртуелен настан на тема „Лобирање за политки за развој на националниот стартапекосистем – најдобри примери и следни чекори“ ќе се одржи вечерва во рамките на Глобалната недела на претприемништво.
На панелот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Фондот за иновации и технолошки равој Коста Петров, претставничката на Светска банка во земјава Татјана Марковска, како и коосновачите на Стартап Македонија, Нина Николиќ и Игор Маџов.
Новоименуваниот директор на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров верува дека стратегијата за стартапи ќе поттикне иновации во приватниот сектор и ќе овозможи услови за креирање на глобален македонски продукт.
– Ваквите настани се од огромна важност за развивање на претприемачкиот дух во нашата земја и нудат идеи и предлози, кои ќе ни овозможат, заедно со претставниците на приватниот и стартап секторите, да креираме долгорочна стратегија со која ќе ја позиционираме нашата земја како стартап и иновациски хаб во регионот. Преку стратегија ќе креираме можности за создавање на глобален македонски продукт, поголем иновациски развој но ќе креираме и нови и компетитивни работни места кои ќе придонесат во развојот на македонската економија, вели Петров.
Стартап Македонија третпат ја одбележува Глобалната недела на претприeмништво, еднонеделна иницијатива која се случува истовремено во 170 земји низ светот и поврзува над 10.000 партнери во активности насочени кон промоција на претприемништвото.
Поврзани артикли