Компанијата SpaceX на милијардерот Елон Маск ќе се обиде утре да испрати четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС), во рамки на првата мисија на NASA во која ќе се користи приватно произведено летало за превоз на луѓе.
Лансирањето на капсулата, наречена Crew Dragon, беше закажано за денеска од центарот на NASA на Флорида, но е одложено поради силниот ветер.
Летот ќе трае осум часови и ќе биде првата оперативна мисија на SpaceX на Eлон Маск. Во неа ќе учествуваат тројца астронаути од САД и еден од Јапонија.
Пробниот лет со двајца членови на екипаж во август беше прв лет во вселената на астронаути на NASA од американско тло по девет години.
Претставници на NASA претходно оваа недела го одобрија конечниот дизајн на капсулата, со што е завршена развојната фаза на SpaceX во рамки на јавно-приватната програма на агенцијата, која трае речиси 10 години.
NASA во 2014 година потпиша договори со SpaceX и Boeing за развој на конкурентски вселенски капсули со цел да ја замени својата програма, која заврши во 2011 година.