HMD Global ги објави најновите членови на своето семејство стандардни (feature) мобилни телефони. Во прашање се Nokia 6300 4G и Nokia 8000 4G.
Двата уреда имаат доста заеднички карактеристики на полето на спецификации и функции. Тука се Snapdragon 210 чипсет, 512MB RAM и 4GB интерна меморија, проширлива преку microSD картичка.
Nokia 6300 4G ја црпи инспирацијата од оригиналниот Nokia 6300 модел од 2007. година, кога е во прашање дизајнот. Телефонот е модернизиран, па така KaiOS може да ги покренува основните апликации, вклучувајќи и некои популарни како што се WhatsApp и Facebook. Исто така, поддржува Google Assistant.
Покрај 4G, телефонот поддржува и Wi-Fi, Bluetooth, A-GPS и има FM radio и 3.5mm приклучок. Дисплејот користи 2,4-инчен QVGA панел, додека камерата има минимален VGA сензор, но со блиц. Тука е и 1500mAh батерија, која ветува до 28 дена standby капацитет или 8,2 часа разговори.
Nokia 8000 4G е многу сличен на претходниот модел на полето на спецификации, а најголемата разлика е во дизајнот. Предниот панел со закривува на рабовите, вклучувајќи ги и копчињата за броеви. Задната страна на телефонот користи материјал сличен на стакло, за да му се даде попремиум впечаток на уредот.
Телефонот користи 2,8-инчен дисплеј, додека камерата на задната страна има 2MP сензор, наместо VGA како кај Nokia 6300 4G моделот.
Nokia 6300 4G пристигнува во Cyan Green, Light Charcoal и Powder White варијанти, по цена од 49 евра, додека Nokia 8000 4G доаѓа во Onyx, Opal, Citrine и Topaz варијанти, по цена од 79 евра.