Apple може да одлучи во текот на следната година да претстави нов модел на iPad Mini. Минатата година го видовме iPad Mini 5 со A12 Bionic чип и Apple Pencil поддршка, а таблетот имаше ретина дисплеј.
Новиот iPad Mini би можел да пристигне со унапреден хардвер, со дизајн како новиот iPad Air 4 со екран од раб до раб, Touch ID во копчето за вклучување, A14 Bionic чипсет, како и поддршка за Apple Pencil 2.
Twitter профилот @000leaker ги објави спецификациите на петстојниот таблет, а сугерира четвртест дизајн, 8,5-инчен Liquid Retina дисплеј, споменатиот A14 Bionic чип и 4GB RAM. Интересно е дека се споменува поддршка и за USB Type-C порт.
Покрај наведеното, iPad Mini 6 би требало да го имплементира истиот систем на камери како iPad Air 4.
Поврзани артикли