Разликата е статистички неважна, што значи дека лекот немал учинок, изјави докторката Руане Барнабас која го водеше истражувањето.
Големото клиничко истражување кое го координираше Универзитетот Вашингтон, покажа дека пациентите кои земаат хидроксихлорокин, веројатноста од заболување од Ковид-19 е еднаква како и кај оние кои не земаат ништо, што значи дека лекот кој го промовираше американскиот претседател Доналд Трамп, практично нема никаков учинок.
Речиси 800 доброволци учествувале во испитувањето кое со 9,5 милиони долари го финансираше фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.
Сите учесници во истражувањето имале член на семејството или близок контакт кој бил позитивен на коронавирусот. Случајно било одредено кој од нив 14 дена ќе добива хидроксихлорокин, а кој пласибо.
Доброволците биле тестирани секој ден. Во групата која примала дневна доза на хидроксихлорокин се заразиле 46, а во останатата 43 лица. Со истражувањето исто така не биле пронајдени ниту докази според кои лекот ги ублажува симптомите по избивањето на инфекцијата.
„Мислам дека резултатите се во склад со претходните истражувања кои покажаа дека нема докази според кои хидроксихлорокинот има клинички важен учинок во превенцијата или лекувањето од Ковид-19“, изјави Барнабас.
И претходните истражувања покажаа дека лекот, изворно наменет за лекување од маларија, не им бил од корист на пациентите заразени со коронавирус. Светската здравствена организација и американскиот Национален здравствен институт од претходно ги суспендираа клиничките испитувања на лекот на Ковид-19, затоа што истиот се покажал како неефикасен.
„Ова е уште едно истражување кое потврдува дека, едноставно речено, хидроксихлорокинот нема никаква улога во превенцијата или лекувањето од Ковид-19“, заклучија научниците.
Извор: Zimo.hr