Интернет мрежата која се базира на сателити распоредени во орбитата на Земјата, наскоро ќе биде достапна и на Стариот континент.
Eлон Маск, првиот човек на компанијата SpaceX која раководи со проектот Starlink најави дека ќе испрати неколку илјади покани за користење на мрежата Starlink. Овие покани одат на адресите на Американците, но Маск вети дека услугата ќе биде достапна и во Европа на почетокот на идната година.
„Откако ќе ги добиеме дозволите кои се потребни за секоја земја поединечно, почнуваме. Системот за одобрување во целата Европска унија не постои. Последните одобрувања најверојатно ќе започнеме да ги добиваме во февруари или март“, изјави Маск.
Канада и Норвешка би требало да бидат меѓу првите земји кои ќе добијат пристап до “Starlink” после САД. Одобрувањето за Индија се очекува кон средината на идната година.
SpaceX неодамна „тивко“ ја лансираше бета верзијата на Starlink, а станува збор за програмата „Better Than Nothing Beta“, што чини 99 долари месечно. Покрај тоа, опремата чини 499 долари.
SpaceX моментно во орбитата има повеќе од 800 Starlink сателити, но потребни се уште илјада за услугата да биде достапна глобално. Компанијата се надева дека до 2021. година ќе ја прошири достапноста и ќе покрие најголем дел од светот.
Извор: Klix.ba