Аспиринот, широко распространет лек кој се користи и како лек за спречување тромбоза, ќе биде тестиран како можен лек за третман на пациенти со Ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија.
Пациентите заразени со новиот коронавирус имаат зголемен ризик од формирање тромбози, односно згрутчување на крвта поради хиперреактивни тромбоцити.
Аспиринот е антитромботичен агенс кој може да го намали ризикот од згрутчување на крвта, објавено е на веб-страницата www.recoverytrial.net
„Постојат јасни причини за поддршка на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа е безбеден, евтин и широко достапен“, вели Питер Хорби, коавтор на студијата.
Најмалку 2.000 случајно избрани пациенти треба да примаат 150 милиграми аспирин дневно со вообичаен режим на лекување.
Податоците за закрепнување на овие пациенти ќе се споредат со податоците на најмалку 2.000 други пациенти кои ќе добијат друга терапија за Ковид-19.
Другите терапии што се тестираат вклучуваат обичен антибиотик азитромицин и коктел со антитела на компанијата „Регенерон“ што се користи за лекување на симптоми на Ковид-19 какви што имал американскиот претседател Доналд Трамп.
Поврзани артикли