Ако може да се суди според гласините кои доаѓаат од опкружувањата на компанијата HMD Global, во план е „враќање во живот“ на уште два класични модела на Nokia.
Како што беше претходно направено со легендарните модели 3310 и 8110, Nokia подготвува современа верзија на моделот 6300, препознатлив по куќиштето од нерѓосувачки челик кој некогаш беше популарен помеѓу деловните луѓе.
Вториот телефон не претставува директна осовремена копија туку би требало да биде инспириран од некогашната серија 8000, познатa по лизгачкиот „поклопец“ на тастатурата и исклучително високиот квалитет на изработка, потсетува GSM Arena.
Моделот 8910i имаше куќиште од титаниум, 8800 Gold Arte беше „облечен“ во позлата од 18-каратно злато, додека кај моделот Sapphire Arte имаше вграден сафир во џојстикот.
Се уште не е познато дали новите телефони ќе користат KaiOS оперативен систем, како што е тоа случај со актуелните модели 8110, 2720 Flip и 800 Tough.
Познато е само дека новите модели Nokia 6300 и 8000 ќе користат 4G LTE технологија, како и дека би можеле да бидат претставени за неколку недели.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли