Научници по првпат успеаја да го откријат изворот на необична, моќна експлозија на радиобранови, со што е решена една од најголемите космички мистерии.
Експлозијата потекнува од неутронска ѕвезда со силно магнетно поле, пишува New Scientist. Силните радиобранови доаѓаат од далечни галаксии, а откако е откриен првиот во 2007 година, имаше многу објаснувања за нив.
Со оглед на тоа дека доаѓаат од големи далечини, никогаш немаше доволно докази за да се открие што ги создава. Некои се следени до нивните галаксии домаќини, но нивниот конкретен извор никогаш не беше точно одреден.
Во април астрономите го пронајдоа првиот сигнал кој пристигнал од нашата галаксија и тоа им овозможило подобро да го проучат. Неколку тимови астрономи го истражувале подрачјето од кое потекнувал и откриле дека станува збор за магнетар наречен SGR 1935 + 2154. Иако магнетарите беа главни кандидати за толкување на создавањето на овие радиобранови, ова е прв јасен доказ дека може да создадат радиобранови на доволно висока енергија потребна за такви сигнали.
Оваа експлозија на радиобранови, позната како FRB 200428, е оддалечена околу 30.000 светлосни години од нас, додека останатите се оддалечени милиони до милијарди светлосни години. Поради таквата близина е забележана како исклучително светла.
„Многу е посјајна од кој било друг радио објект во вселената“, вели Бинг Занг од Универзитетот Невада во Лас Вегас.
Научниците сметаат дека една експлозија нема да ни овозможи да одговориме дали постојат многу видови тела кои создаваат радиобранови, но може да помогне да разбереме барем еден негов вид.
Извор: B92.net
Поврзани артикли