Xiaomi Mi Mix линијата телефони секогаш била обележена со иновативни карактеристики. Линијата оваа година не доби нов модел, а се очекува дека следниот Mi Mix телефон ќе пристигне во 2021. година.
Според наводите на дојавувачот Digital Chat Station, следниот Xiaomi Mi Mix ќе има импресивни спецификации. Наместо обвиткувачки екран, Xiaomi овој пат ќе имплементира флексибилен екран.
Покрај преклопниот, флексибилен дисплеј со QHD резолуција, следниот Mi Mix би можел да има и поддршка за полнење со капацитет од дури 200W.
Засега не е познато дали флексибилниот Xiaomi Mi Mix ќе има преклопен дизајн како Motorola Razr или Galaxy Z Flip ili, или пак ќе се свиткува како книга во стилот на Galaxy Fold и Galaxy Z Fold2 моделите.
Поврзани артикли