По традиционалниот тест на издржливост, YouTube каналот JerryRigEverything сега објави видео од расклопување на iPhone 12 Pro моделот, прикажувајќи ни ја внатрешноста на уредот.
Видеото ни ги покажува различните компоненти и нивните конектори. Исто така, видливо е колку тешко е да се отвори iPhone 12 Pro куќиштето за да им се пристапи на компонентите.
Матичната плоча на телефонот е двослојна, додека батеријата има „магични“ додатоци кои се подложни на кршење, а Taptic Engine и батеријата се помали отколку кај минатогодишниот модел.
Видливи се и 18 мали магнети, распоредени во круг околу навоите за безжично полнење, за да се овозможи да функционира MagSafe.
Поврзани артикли