Според информациите објавени од германскиот весник Welt am Sonntag, американскиот производител на електрични автомобили Тесла ќе мора да плати казна од 12 милиони евра во Германија.
Споменатиот медиум пренесува дека ова е очигледен факт што произлегува од извештајот доставен до Американската комисија за хартии од вредност (SEC), а кој се однесува на третиот квартал од тековната фискална година.
Во извештајот доставен до едно од најригидните тела на американскиот економски и финансиски систем се наведува следново:
„Германската федерална агенција за заштита на природата (UBA) изрече казна од дванаесет милиони евра на сметка на компанијата „ќерка“ која работи во Германија“.
Причината за изрекување на казната е, меѓу другото, и тврдењето дека Tesla не постапилa во согласност со законските прописи во врска со обврската повторно преземaње на производите од батерии.
Елон Маск (49) напиша дека обвинувањата се претежно од „административен тип“, и дека Tesla продолжува да ги зема назад батериските пакети од своите возила. Според понатамошните наводи од годишниот извештај, компанијата поднела жалба против казната. „Иако не можеме да го предвидиме исходот од административниот спор, па дури и конечниот износ на казната, ние поднесовме приговор и можеме да изразиме очекување дека целата ситуација нема значително да влијае на нашиот бизнис“, се вели во текстот.
Основата за изрекување на казната очигледно лежи во германскиот Закон за батерии, кој ги обврзува производителите на електрични автомобили да ги вратат користените батерии или да назначат компанија-партнер за рециклирање за овие цели. Се наведува дека компанијата Tesla не го прилагодила својот бизнис со овие регулативи. Новинарите од Германија не успеале да обезбедат изјава на некој од Tesla кој би бил подготвен да ја коментира ситуацијата. Од друга страна, има известување и од Германската федерална агенција за заштита на природата во кое се вели дека нивното тело, во согласност со законот, не смее да коментира за случаи што не се затворени.
Пионерот за модерно производство на електрични автомобили е основан во 2003 година. Tesla има забележано приходи од 25 милијарди американски долари, заедно со финансиски губиток од 69 милиони долари минатата година. Во третиот квартал, Tesla како компанија работеla со профит, петти квартал по ред. Во исто време, сите буџетски цели за оваа година се потврдени. Продажбата во третиот квартал била 39% поголема од претходната година за истиот период, додека приходите во тој период биле на ниво од 8,8 милијарди долари.
Поврзани артикли