Huawei објави дека на 5. ноември ќе го претстави Nova 8 SE телефонот, откако Nova 7 SE беше официјализиран во април, а по него 7 SE 5G Youth минатиот месец.
Huawei во своите објави на Weibo страниците прикажа и тизери кои потврдуваат дека Nova 8 SE ќе има четири камери на задната страна, рамни рамки и копчиња за вклучување и звук од десната страна.
Другиот тизер потврдува 6,53 инчен OLED екран, 64MP главна камера и поддршка за 66W брзо полнење. Се очекува дека екранот ќе биде 60Hz FHD+, а телефонот ќе го покренуваат два различни чипсета – Dimensity 720 и Dimensity 800U.
Покрај ова, на задната страна се очекуваат и 8MP и 2MP камери, а уредот би требало да го напојува батерија со капацитет 3800mAh.