Moto G9 Play е објавен пред само два месеца, а изгледа дека Motorola веќе ја приведува кон крај работата на неговиот наследник, што би можел да го носи името Moto G10 или Moto G10 Play.

Првите фотографии на телефонот се појавија онлајн, а забележителни се некои поголеми промени по кои новиот уред ќе се разликува од претходникот – нова позиција на селфи камерата, LED блицот и сензорот за отпечатоци од прсти.

moto2_113.jpg

Moto G10 има димензии од 165,3 x 75,4 x 9,5mm (дебелината оди до 10,4 мм со испакнувањето за камерата), што значи дека дијагоналата на екранот ќе изнесува 6,5 инчи.

Наместо засек, G10 телефонот сега користи предна камера сместена во punvh-hole отвор во горниот лев агол. На задната страна се наоѓа четвртест модул со четири сензори, а блицот е сместен во долниот лев агол.

moto3_37.jpg

Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамката, а се очекува дека телефонот ќе го напојува 4850mAh батерија.