Raspberry Pi секогаш беше инспириран од британските микрокомпјутери од осумдесеттите години на минатиот век, овозможувајќи машини што се исклучително поодбри за прилагодување и програмирање, а лимитирани се исклучиво со креативноста на нивните корисници.
Сега Raspberry Pi Foundation го објави својот компјутер во стилот на осумдесетите, кој е имплементиран во компактна тастатура. Во прашање е Raspberry Pi 400 all-in-one PC.
Raspberry Pi 400 претставува модерна верзија на компјутер како што се BBC Micro, ZX Spectrum, Commodore 64 и Amiga системите. Матичната плоча е интегрирана во тастатурата и од корисникот бара само поврзување на кабли за напојување и монитор.
Raspberry го опишува Pi 400 како „побрз Raspberry Pi 400 интегриран во компактна тастатура“. Системот чини 70 долари како самостоен производ, или 100 долари за пакет кој му е потребен на корисникот за да го користи уредот.
Почетниот Raspberry Pi 400 пакет вклучува:
– Raspberry Pi 400 компјутер
– Официјално USB глувче
– Официјално USB-C напојување
– SD картичка со преинсталоиран Raspberry Pi OS
– Micro HDMI to HDMI кабел
– Официјален Raspberry Pi Beginner’s Guide прирачник
Поврзани артикли