Јапонската компанија Panasonic работи на развој на нова батерија за Tesla, истовремено развивајќи го партнерството со американската компанија.
Новата ќелија на батеријата – поголем цилиндричен формат наречена 4680, што може да собере повеќе енергија и е полесна за производство е клучна за постигнување на целта за намалување на трошоците за батерија за двапати и речиси двојно зголемување на производството на батерија до 2030. година.
„Имаме значајно знаење за оваа батерија“, рече директорот на Panasonic, Хироказу Умеда на брифингот откако компанијата објави раст од 11% на оперативниот профит за вториот квартал и ги надмина прогнозите на аналитичарите.
„Почнавме да работиме на тоа веднаш по „Battery Day“ на Tesla во септември и во исто време се подготвуваме да лансираме прототип на производната линија“, додаде тој.
Одлуката на Panasonic да работи на нова ќелија за Tesla беше донесена откако добрата продажба на електричните возила на компанијата го стабилизираше профитот. Ова се случи неколку години подоцна, во кое заедничкото вложување на двете компании во Невада се соочи со проблеми и одложувања од американскиот партнер.
Умеда исто така објави дека компанијата одлучи да лансира дополнителна линија на производи во фабриката во Невада веќе следната година, со што вкупниот капацитет на фабриката ќе се зголеми за околу 10% до 38-39 гигават часови годишно до 2022. година.