Netflix ги зголеми цените на своите стандард и премиум планови на 14 и 18 долари месечно. Претходно, цените н стандардниот и премиум плановц изнесуваа 13 и 16 долари. Моментните корисници ќе го видат порастот на цените во следните два месеца, а ќе добијат и известување 30 дена пред промената.
Засега, сепак, нема поскапување на најдостапната услуга. Базичниот план останува 9 долари месечно. Тоа е истата цена што беше претставена минатата година во јануари, кога Netflix прв пат ја подигна цената на услугата.
Стандардната понуда на Netflix нуди 1080p квалитет за два различни уреда во исто време, а премиум планот подразбира поддршка за 4K резолуција и HDR до 4 уреди во исто време. Базичниот план поддржува 480p, резолуција која е во ранг на DVD квалитет.