Amazon денеска објави дека ангажирал 100.000 луѓе пред празниците, потврдувајќи го добриот бизнис на гигантот за електронска трговија.
Овие нови работни места на одредено време се додадени на најголемите кампањи за вработување на компанијата во последните месеци организирани како одговор на зголемувањето на нарачките преку Интернет од почетокот на пандемијата.
Амазон имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот на крајот на јуни 2020 година.
Кон крајот на јули, кога ги објави резултатите, компанијата со седиште во Сиетл соопшти дека веќе отворила повеќе од 175.000 работни места од март, од кои 125.000 ќе станат постојани.
Во средината на септември, додаде уште 100.000 работни места во САД и Канада.
Повеќето од нив се работи во магацини, во подготвување пакети и испраќање на истите.
Во август, Амазон одлучи да ангажира 3.500 инженери, компјутерски научници и административен персонал во САД. Компанијата оствари доволно нето добивка за да инвестира.
Ситуацијата во Амазон е спротивна на ситуацијата во голем број големи компании тешко погодени од економската криза поврзана со пандемијата.
Пред еден месец, мултинационалните компании Дизни, Американ ерлајнс и Јунајтед ерлајнс поделија 60.000 откази.
Амазон редовно се обидува да го докаже својот позитивен придонес кон општеството.
Поврзани артикли