Грипот е пред вратите, а тоа оваа сезона посебно им ја отежнува работата на здравствените работници бидејќи грипот и коронавирусот развиваат слични симптоми и ја отежнуваат дијагнозата. Според новото американско истражување и компликациите се поголеми кај потежок облик на ковид-10 отколку кај потежок грип.
Како да се разликуваат симптомите? Двете болести резултираат со ненадејно кашлање и зголемена телесна температура, како и со општо чувство на слабост.
Болки во грлото, болки во мускулите, течење на нос се чести кај заболените од грип, додека загуба на чувствата за мирис и вкус се типични за Ковид-19, порачува германскиот Институт “Роберт Кох”.
Германскиот јавноздравствен институт во еден неодамнешен извештај објавил дека најчести знаци на ковид се кашлица, која се појавува во 45 проценти од случаите, и температура во 38 проценти од случаите. Загуба на чувството за мирис чувствуваат 15 проценти од заразните. Но, лабораториски тест е единствен начин за сигурна дијагноза.
Според лекарите, наједноставно е да се препознае обична настинка, бидејќи таа може да предизвика болки во грлото, замор и главоболка. Имено, настинката нема да предизвика општо чувство на немоќ како кај грипот.
Кога ќе се споредат ковид-19 и грипот, новата пандемиска болест предизвикува значајно повеќе тешки случаи, објавил институтот “Роберт Кох”.
Во просек, заболените од ковид-19 бараат подолго болничко лечење. Тие често завршуваат на одделенија за интензивна нега и остануваат подолго на лечење.
Кај ковид-19 често доаѓа до развој на дури 17 компликации
На респиратор, за споредба, завршуваат 22 проценти од заболените на ковид-19 во однос на 14 проценти од оние кои заболуваат од грип.
Американските научници ја споредиле стапката на компликации кај 3.948 возрасни лица хоспитализирани поради ковид-19 и 5.453 лица хоспитализирани минатата година поради грип. Пациентите опфатени во истражувањето кои боледувале од грип имале повеќе коморбидитети, како болест на срце или дијабетес.
И покрај тоа, кај пациентите со Ковид-19 е забележана пет пати поголема стапка на смртност и речиси двојно поголема потреба за прием во единица за интензивна нега, како и подолг престој на болничко лечење во однос на заболените од грип.
Кај заболените од ковид-19 е забележан и почест развој на дури 17 различни компликации, меѓу кои биле и оние поврзани со болест на белите дробови, крвта, срцето, нервниот систем, бубрезите и црниот дроб.
Поврзани артикли