Извештајот на Financial Times сугерира дека Apple можеби работи на сопствена алтернатива за Google Search. Компанијата почнача да ги прикажува сопствените резултати од пребарувањето во iOS 14, што сугерира дека се подготвува да го замени Google Search на своите уреди.
Докази за овие промени веќе се појавуваа. Промените во iOS 14 верзијата се забележани во август, кога Apple ангажираше експерти за пребарување. Исто така, неодамнешната тужба против Google откри дека Goofle му плаќа на Apple помеѓу 8 и 12 милијарди долари годишно, за својот пребарувач да го има вградено во производите на Apple.
Сега Financial Times тврди дека антимонополските закони го приморуваат Apple да почне да работи на сопствен пребарувач. Исто така, ги цитира експертите кои истакнуваат дека Applebot покажува засилена активност во полседните недели, што значи дека крстари низ вебот во потрага за големи количини податоци, што би можело да биде од корист во креирање на пребарувач.
Apple не ги коментираше споменатите наводи, додека некои експерти истакнуваат дека компанијата нема да може да фати чекор со Google кога се работи за пребарувањето.