Претстпјниот паметен часовник на Xiaomi се појави во FCC базата, откривајќи го дизајнот и спецификациите на уредот. Во прашање е Mi Watch Lite, кој на некои пазари би можел да биде објавен и како Redmi Watch.
Фотографиите покажуваат дека Mi Watch Lite има четвртесто куќиште и едно копче од десната страна, заедно со пластичен ремен. Листингот со карактеристики укажува на 1,41-инчен HD екран во боја, вграден GPS, дизајн отпорен на вода и опција на следење на работата на срцето.
Паметниот часовник го напојува 230mAh батерија, со поддршка за 5W полнење. Спарувањето со телефонот се врши преку Bluetooth 5.1, а поддршката е достапна за Android 4.4 и iOS 10 или поновите уреди.
Пакувањето на часовникот открива и различни спортски модови. Уредот ја носи ознката
REDMIWT02, што дополнително потврдува дека паметниот часовник на некои пазари ќе биде објавен по Redmi брендот.