Според наводите на дојавувачи, Samsung Galaxy S21 Ultra нема да има значајни разлики во однос на актуелниот модел. Новиот Ultra ќе има нешто помал екран од 6,8 инчи и ќе биде единствен со закривен екран (S21 и S21+ ќе имаат рамни дисплеи). Екранот би можел да добие зголемување на стапката на освежување на 144Hz, но тоа не е целосно сигурно.
Galaxy S21 Ultra според достапните информации ќе користи 108MP главна камера на задната страна и 40MP селфи камера. Ова се исти резолуции како кај S20 Ultra, но би можеле да постојат и некои други надградби. Нема детали за преостанатите сензори, а рендерите откриваат дека Ultra ќе има четири камери на задната страна, од кои една ќе има перископ објектив.
Samsung повторно ќе ги користи сопствените и Qualcomm чипови во зависност од пазарот, па телефонот ќе го покренува Snapdragon 875 или Exynos 2100 чип. Решението на Samsung користи стандардни ARM јадра, а раните бенчмарк тестови велат дека Exynos чипот и натаму заостанува зад моделот на Qualcomm.
Galaxy S21 Ultra ќе го напојува 5000mAh батерија, а не се очекуваат ни надградби на опциите за полнење. За софтверот ќе биде задолжен One UI 3.0, заснован на Android 11.
Со оглед на тоа дека претставувањето на Samsung Galaxy S21линијата се очекува во текот на јануари, новите телефони би можеле да ги видиме во продажба веќе во февруари, наместо во март.
Поврзани артикли