Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не започнал да замрзнува, иако е крај на октомври, што е најдоцен период досега во кој мразот се уште не е формиран.
Климатскиот научник Захари Леби од Државниот универзитет во Колорадо сподели низа графикони на социјалните мрежи, со кои што објаснува дека Арктикот поминува низ историски настан и дека количината на мраз во моментов е најмала забележана количина во овој период.
#Arctic sea ice extent is currently the lowest on record for the date. The amount of open water this fall is absurd.
Compared to previous decades:
—> about 1,680,000 km² less the 2010s average
—> about 4,050,000 km² less the 1980s average pic.twitter.com/42X4ou3wO0— Zack Labe (@ZLabe) October 22, 2020
„Количината оваа есен е апсурдна, мора да обрнеме внимание на овие показатели за климатските промени“, објави тој на Твитер.
Арктичкиот морски мраз обично ја достигнува најниската точка во септември, највисоката во март, а Леби истакнува дека дебелината на морскиот мраз е исто така под просекот, пишува Индипендент.
Here is a visual of the extensive open water north of Siberia… sea ice struggling to form so far this October
[Daily data from 3-km AMSR2 satellite since September 15] pic.twitter.com/h6qsPLepeL
— Zack Labe (@ZLabe) October 22, 2020
Активистите за заштита на животната средина и чуварите на природата предупредуваат дека недостигот на мраз не е само знак на трагични климатски промени, туку дека може да влијае на животот во морето, бидејќи мразот носи со себе хранливи материи за арктичкиот планктон.
Виновник за тоа што морето не е доволно студено за замрзнување е невообичаено топлото време на северот на Русија и сибирскиот топлотен бран од изворот, како и глобалното затоплување.
Формирањето на мраз на сибирскиот Арктик значително забави во последните години, а 2020 година е најлоша од 2018 година.
Поврзани артикли