Со цел да ги исполни флотните емисиони норми, Ford е принуден на резови
Токму затоа воопшто не е изненадување зошто Mondeo останува без класични бензински мотори во Европа. Наместо тоа, ќе биде достапна само класична хибридна верзија, која комбинира 4-цилиндерски бензинец со електромотор и батерија од 1,4 kWh. Овој хибрид е достапен и за седанот и за караванот. Хибридниот погон обезбедува 187 КС и 173 Nm вртежен момент.
Американскиот бренд наведува дека таков потег е очекуван и дека хибридната варијанта на Mondeo бележи раст на продажбата. Тие посочуваат дека оваа година, оваа верзија имала поголем удел во продажбата на Mondeo во Европа за 25% во споредба со цела 2019 година. Покрај тоа, од компанијата наведуваат дека во некои земји, како што се Италија и Велика Британија, хибридниот Mondeo забележал голем раст на продажбата.
Уште повеќе, челниците на Ford за Европа изјавуваат дека хибридот е идеален за оние кои возат помалку од 20.000 км годишно, и дека во тие услови е подобро решение од класичниот дизел мотор.
Сепак, интересно е што Ford не ја повлекува дизел единицата од понудата. Mondeo останува достапен со 2-литарскиот EcoBlue турбо дизел мотор. Очигледно, американскиот производител е свесен дека дизелот сè уште е многу посакуван мотор во овој сегмент.
Со цел да се избегнат казните во Европа за прекумерни флотни емисии, Ford ќе мора да плати на некој од производителите кои немаат такви проблеми со цел да постигнување договор во врска со флотната емисија и на тој начин да се спаси од драконските финансиски казни од Европската комисија.