Alibaba го презеде контролниот удел во еден од водечките синџири на супермаркети во Кина, додека се обидува да се одбрани од ривалот jd.com во брзо растечката индустрија за продажба на храна преку Интернет.

Alibaba за да го зголеми својот удел во Sun Art Retail Group потроши 3,6 милијарди, преминувајќи од 36% во сопственост на 72% акции. Беше одлучено Alibaba да понуди пари и за остатокот од уделот во овој ланец на малопродажба. Оваа вест влијаеше на растот на акциите на берзата, каде акциите на Alibaba пораснаа за 1%, а акциите на Sun Art Retail Group за скоро 20%.

Во моментов, Alibaba инвестира големи пари во оваа индустрија во борбата против најголемиот ривал JD.com, со цел да го освои кинескиот пазар на храна. За време на годишното известување во јуни, JD објави дека продажбата на храна преку Интернет е двојно поголема од минатата година. Гигантите во е-трговијата користат комбинација на физички постојни супермаркети и онлајн платформи за да доминираат на пазарите. Со зголемување на својот удел во Sun Art, Alibaba сака да ја забрза дигитализацијата на кинеските потрошувачи по пандемијата. Sun Art Retail Group моментално работи со скоро 500 хипермаркети и супермаркети ширум Кина. Досега, статистичките податоци велат дека 56% повеќе луѓе купувале храна преку Интернет отколку пред глобалната епидемија.

Извор: PC Press.rs