Microsoft Forms е апликација која им овозможува на луѓето да направат анкети или квизови. Досега, беше можно да се користи во бизнис или едукација. Од 22. октомври, Microsoft најави дека Forms е достапен и за приватна употреба.
Компанијата ги охрабрува корисниците да размислуваат за Forms апликацијата како за алат дизајниран да креира анкети за нивните приватни активности со пријателите во текот на неделата, како координирање на собирањето за празниците или одржување на квизови во петок навечер. Исто така наведуваат дека може да биде и корисна алатка за учење од дома. Forms може да ги анализира резултатите од анкети или квизови, но и тие резултати да ги експортира во Excel.
Microsoft Forms е достапен за секого со Microsoft сметка, а за отклучување на премиум функциите, како поголемиот број корисници или темплејти, корисниците би требало да се пријават на Microsoft 365 Personal или Family сметката. Исто така, можно е да се користи и на мобилните уреди, како и на пребарувачот.
Поврзани артикли