Услугата Quibi во која многумина полагаа надежи дека ќе биде следниот Netflix на паметните телефони, згаснува по само шест месеци од основањето, што ја прави една од услугите со најкратко работно време досега, пренесува Wall Street Journal.
Компанијата потврди дека ја завршува работата во блогот на платформата Medium:
„Се чини дека ги исцрпевме сите опции. Како резултат на тоа, спротивно на нашите желби ќе го згаснеме нашето работење, ќе им ги вратиме парите на акционерите и ќе се поздравиме со своите колеги“, пишува во објавата.
Поврзани артикли