Samsung претстави нова интерактивна, дигитална табла, која ја надополнува линијата на компанијата, која ја сочинуваат веќе постоечките 55-инчни и 65-инчни дисплеи. Interactive Display има големина од 85 инчи и дизајниран е за употреба во едукацијата и за бизнис корисниците.
Овој огромен дисплеј поседува pen-to-paper мод на пишување, алатки за обработка на фотографии и систем за навигација низ содржината. Резолуцијата на дисплејот е 3840 x 2160 пиксели, има до 20 точки внес и овозможува повеќе кориснции истовремено да креираат или обработуваат содржини на екранот.
Опциите на конекција на Interactive Display вклучуваат USB, HDMI, DisplayPort, NFC, OPS слот и функции на делење на екранот. Дисплејот има систем на заклучување од шест знаци, за заштита на документите што се сочувани во него. Тука е и вградениот веб прегледник, кој овозможува сурфање на интернет.
Samsung Interactive Display има 8GB простор за скалдирање податоци и ќе биде достапен во Charcoal Black боја. Дисплејот е можно да се синхронизира со другите уреди, за делење на содржини во реално време.